Министерството за надворешни работи ги достави вербалните ноти до Обединетите нации (ОН) со кои информира за настанатите промени со името на земјава.

– Република Северна Македонија согласно обврските од Конечната спогодба ги достави трите вербални ноти: Вербална нота од Постојаната мисија до Протоколот на ОН, Вербална нота од Постојаната мисија до земјите членки и земјите набљудувачи на ОН и Вербална нота од Министерството за надворешни работи до сите меѓународни, мултилатерални и регионални организации, со кои се информира за настанатите промени – информира Министереството за надворешни работи.