Уставна ревизија, справување со иредентизмот и прашањата поврзани со идентитетот, се предусловите за постигнување договор, смета лидерот на грчка опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис.

– Јавно ја имам поставено рамката за еден можен договор. Се однесува на уставна ревизија како неопходен предуслов за да постои каков било договор, справување со прашањата со иредентизмот и националниот идентитет, како неопходен услов за да постои договор и да започне интегративниот процес на Скопје во евро-атлантските институции. Ова е мојата позиција што е многу јасна – рече Мицотакис на денешната средба и прес-конференција со странските дописници во Грција, рече Мицотакис.