ВМРО-ДПМНЕ ќе го менува Преспанскиот договор ако освои двотретинско мнозинство во парламентот, според најавите на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, за „Слободен печат“ во емисијата „Утрински брифинг“.

Мицкоски се осврна и на големиот број поддржувачи на поранешниот лидер Никола Груевски на неодамнешниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во СЦ „Јане Сандански“, истакнувајќи дека е нормално на собирите да има луѓе од неколку генерации на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека во партиското седиште не се отстрануваат само сликите од Груевски, туку и други слики, со што на нивно место се ставаат слики со други содржини и луѓе што оставиле белег во историјата.