Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во коалиција со СДСМ, а кои се незадоволни, да му се придружат за формирање на мнозинство во Собранието и советите низ општините.

– Изборите покажаа дека има сериозно антивладино расположение и незадоволство, а опозициските гласови и нивната заедничка цел е промена на власта и нова иднина за Македонија. Затоа повикувам на здружена опозиција, заеднички до цел за подобра иднина. Секое единствено не носи поблиску да ја победиме оваа власт – рече Мицкоски.

Тој кажа дека очекува брутална кампања во вториот круг.

– Очекувајте бруталност од полицијата на Спасовски, очекувајте од насилниците да се однесуваат понасилно – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Фокусот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде победата на Данела Арсовска во Скопје.

– Очекуваме да победиме секаде каде не сме победиле. Мислам дека сме блиску и до мнозинство во Град Скопје. Фокусот ние да победи Данела во Скопје, а потоа природно ќе се наметне и темата за ново парламентарно мнозинство. Немаме дилема дека ВМРО-ДПМНЕ е победник, а како коалиција очекуваме да формираме ново парламентарно мнозинство – рече Мицкоски.