Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека е јасно како ден дека високи функционери од власта се директно инволвирани и директно раководеле со операцијата делење и фалсификување пасоши, бидејќи вработените службеници во МВР кои фотографираат и ги изготвуваат документите сигурно не се запознале со голем дел од криминалците. Службениците ја вршеле својата работа како и со сите други имаат потреба да извадат одредена документација, додека пак акцијата ја координирале луѓе од власта, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Мицкоски, фактот што Владата се уште молчи и не се произнесува со информации, дали се поништени овие патни исправи и дали некој воопшто одговара за овој случај, говори за тоа дека овие матни зделки и афери се случуваат секојдневно и тие не знаат од каде да започнат.

– Додека тие молчат, овие луѓе се уште во своја сопственост имаат фалсификуван пасош, кој никој од властите не им го поништува. Тоа е сликата за власта во Република Македонија и за безбедносниот систем, кој е повеќе од разрушен – објасни Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите кажа дека Владата треба да поднесе оставка врска со случајот за Драги Рашковски.

Дополнително, Мицкоски потенцираше дека оставката на Рашковски е прв морален чин кој што требало да се случи и поодамна, но и дека ова треба да продолжи во континуитет и со владата.

Тој вели дека ако блиските соработници на Заев стократно го зголемуваат своето богатство, тогаш само прашање е што се случува со другите односно со оние кои што се во првите редови на власта.