Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Кристијан Хелбах, специјален координатор за Западен Балкан, Турција и земјите на ЕФТА во германското МНР, на која се афирмирала стратешката определба на ВМРО-ДПМНЕ за интеграција во Европската унија и НАТО.

Во врска со договорот со Грција, како што соопшти прес-службата на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на средбата потенцирал дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува во рамките на веќе укажаните забелешки и оти партијата не може да го поддржи истиот.

На средбата се нагласиле и силно развиените билатерални односи помеѓу Германија и Македонија, како и потребата од понатамошно надградување на истите.