Централниот и извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, одлучиле лидерот на партијата Христијан Мицкоски да одбере кој ќе биде кандидат за идни министри во техничката влада.

Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, кажа дека кандидатите избрани од Мицкоски ќе треба да се погрижат да има фер и демократски избори на 12 април.

Мицкоски добил поддршка тој да биде мандатар по изборите.

– Комитетите дадоа поддршка на Мицкоски да биде кандидат за мандатар по завршување на изборите на 12 април, на кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува победа. На предлог на кабинетот на Мицкоски беше разрешен соработникот Томислав Димитровски кој во јавноста беше познат по еден немил настан кој што се случи во изминатиот период – рече Јанушев.

За предлогот на Заев, ВМРО-ДПМНЕ да гласа за една изборна единица, ако сака да добие шпицен кандидат, Јанушев рече дека неговата партија не прифаќа пазарџиска политика.

– Пратеничкиот имунитет на кој се надева, нема да го амнестира од одговорнсот. Ова се сериозни теми кои мора да ги водиме врз основа на принципи и аргументи – додаде Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие имаат кандидати за сите министерски места во техничката влада, но ќе ги кажат по преговорите на лидерската средба.