Починати се 51 лице од коронавирусот, а Заев вели не чувствувал одговорност. А ако не е ваша, чија е?, напиша на фејсбук-статус лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Гробиштата се полни, душите празни. Оваа бројка ќе беше помала да имаше навреме вакцини. Но, провизиите им беа поважни. Оставка за мафијашката власт, а потоа одговорност и нормализација – напиша Мицкоски.