Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека очекува в среда да биде распуштено македонското Собрание.

– Како што се договоривме на оној состанок кај претседателот на државата, господинот Стево Пендаровски, очекувам сите политичари да си стојат на договореното – рече Мицкоски.

До крајот на денешниот ден, предлог-законот за јавно обвинителство треба да биде усвоен на владина седница, а во наредните три дена дискутиран и изгласан на собраниска седница.

Вакви се очекувањата на лидерот на најголемата владеачка партија, Зоран Заев, по интензивните разговори со работните групи, во кои се вклучил и тој.

Тој изјави дека време и дека законот ќе биде донесен, а Собранието ќе биде распуштено на 12-ти февруари.

– Парламентот може да го одложи распуштањето ако некој се обиде да направи ‘филибастеринг’ или блокирање на одредени законски решенија. Но секако на 12 февруари се распишуваат изборите и верувам претседателот Талат Џафери ќе го направи тоа, за да нема дилеми дека изборите се на 12 април. Сепак, верувам дека ги отстранивме сите можности за блокирање преку амандмани со тоа што правевме напори сите заедно да разговараме уште пред усвојувањето на законот на Влада – заклучи Заев.

Тој испрати директна покана до Христијан Мицкоски и повик до ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат во овој закон, затоа што, како што кажа, сè што барале во овој период низ разговорите кои се водат две години е веќе вградено.