Опозициската ВМРО-ДПМНЕ размислува да го замрзне своето учество во работата на Собранието, бидејки не бил испочитуван политичкиот договор за распуштање на парламентот на 12 февруари, поради изборите кои треба да се одржат на 12 април.

– Навистина не ја гледам повеќе потребата од учество на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Во текот на денов ќе имаме Извршен комитет, ќе разговараме на оваа тема и јавноста ќе биде навреме информирана за следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ – изјави лидерот Христијан Мицкоски откако предлогот на неговата пратеничка група за распуштање на Собранието не беше ставен на дневен ред.