Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со американскиот заменик-помошник државен секретар за европски прашања, Метју Палмер.

– На средбата стана збор за актуелната политичка состојба, беше потенцирано значењето за стратешкото партнерство со САД, како и потребата за остварување на стратешките цели за напредок во интегративните процеси на земјата – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски истакнал дека е за интензивни односи и соработка со Соединетите Американски Држави за сите прашања кои се од заеднички интерес, обезбедувајќи стабилност и развој на процесите.

– Претседателот Мицоски истакна дека е потребно Македонија да се стави на брзата лента за членство во Европската Унија преку сериозни сеопфатни реформи. Мицкоски посочи дека потребно е ресетирање на општеството и безусловна борба против корупцијата и апсолутна правда – се наведува во соопштението.