На овие избори ќе излеземе со позитивна кампања, многу нови проекти, решенија за акутните проблеми на граѓаните и чесни кадри кои ќе покажат како се работи, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече дека очекува победа во најголем дел од општините.

– Работењето на градоначалниците да биде репер и за оние кои менаџираат институции на државно ниво иако јас се надевам дека после овие локални избори ќе имаме многу брзо нова влада која ќе одржи лекција како се работи чесно и како се бори против криминалот и корупцијата коишто се за жал акутна појава во македонското општество – рече Мицкоски.

Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ планира да води позитивна кампања.

– Не планираме да се занимаваме со тоа колку градоначаниците на СДСМ и ДУИ се лоши, бидејќи тоа граѓаните го знаат и нема што ново да кажуваме тоа е исто како да зборуваме за минатогодишниот снег – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.