Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку видео порака со која се обраќа до секој граѓанин на Република Македонија најавуви протестен марш во недела в Стумица.

-Живееме живот во кој поразите стануваат секојдневие, а победите ги нема. Вистинското прашање е дали може поинаку? Еве на секој еден од вас Ви кажувам, на сите, машко и женско, старо и младо сите кои ги делите овие чувства, ДА може поинаку, и тоа поинаку ќе дојде доколку се крене и чуе твојот глас, гласот на твоите блиски, роднини и пријатели. Заслужуваш подобро и тоа подобро ќе дојде- вели Мицкоски во своето обраќање

Протестниот марш ќе биде во недела со почеток во 13 часот, собирно место во паркот во Струмица по шеталиштето, па се до општината Струмица.