Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во
емисијата „Бизнис поенти“ на ТВ Алфа, кажа дека веднаш по формирање на
комисиите, партијата до Собранието ќе поднесе предлог-закон за намалување на данокот на добивка од 10 на 9 проценти. Мицкоски смета дека ако има доволно желба кај власта, тоа би бил начин да им се помогне на компаниите да ги задржат работните места.

– Ќе продолжиме да ги артикулираме нашите позиции и мислам дека тоа е легитиме начин да ги презентираме нашите ставови на еден мирен начин, но истовремено тоа ќе го правиме и во рамките на парламентот. Еве, ќе најавам дека пратеничката група ан ВМРО-ДПМНЕ веднаш по формирањето на комисиите ќе достави до парламентот предлог-закон за намалување на рамниот данок од 10 на 9 проценти. Така што, ако има доволно желба кај владата практично да му помогне на бизнисот, да се сочуваат работните места, еве начин – рече Мицкоски.