Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на неговата фејсбук-страница најави нов протест во вторник.

– Протест на ВМРО-ДПМНЕ во вторник, во 18.30 часот од Министерството за правда, мостот „Гоце Делчев”, до МНР – пишува Мицкоски, додавајќи дека станува збор за протест за народот, а целта е „за ЕУ, за Македонија, за Делчев“.

Делчев го разбираше светот како поле за културен натпревар помеѓу народите.Европската Унија, од која секој ден сме се…

Posted by Hristijan Mickoski on Недела, 13 септември 2020


Заев: Делчев и Мицкоски никако не одат заедно

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил истакнува дека Гоце Делчев е борец за социјална правда, додека Христијан Мицкоски е бранител на криминал и неправда, напиша премиерот Зоран Заев неговата официјална фејсбук-страница.

– Делчев е борец за социјална правда, а Мицкоски е бранител на криминал и неправда. Тие двајца никако не одат заедно – пишува Заев.

Делчев е борец за социјална правда, а Мицкоски е бранител на криминал и неправда. Тие двајца никако не одат заедно. Тоа…

Posted by Zoran Zaev on Недела, 13 септември 2020