Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета одбиената понуда за здружување од страна на Левица се должи на политичкото неискуство на оваа партија.

– Жалам што раководството на Левица ја одбива подадената рака за обединување со опозицијата против неспособноста, против криминалот, корупцијата и против лошиот живот наметнати од власта на СДСМ и ДУИ. Дозволувам да верувам дека ова е можеби резултат на недостаток на политичко искуството на раководството на Левица – објави Мицкоски на социјалните мрежи.