Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, во просториите на Собранието се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, со кого разговараше за текот на изборниот процес и понатамошните чекори. На средбата беше потврдена заемната поддршка во вториот круг, за општините за кои имале договор за првиот круг, информираат од Алијанса за Албанците.

Известуваат дека коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернативата е стабилна и дека работат заедно на создавање ново парламентарно мнозинство во, како што наведуваат, многу краток период.