Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ денеска се сретна со граѓаните во Македонска Каменица и посочи дека ова се прилично предизвикувачки избори затоа што на овие избори практично се определува иднината на нашите граѓани, на нашите потомци, но истовремено и кога треба да ги направиме горди нашите предци.
– Ова не се било какви избори и се поразлични од сите избори кои сме ги имале во минатото. На овие избори, изборот е помеѓу СДСМ и нивните политичари кои се практично истрошени транзициони политичари кои од времето на транзицијата ги гледаме без никаква креативна идеја и луѓе кои со својата биографија и животен век не може да гарантираат решение за напластените проблеми кои мора да признаете дека после овие 3 години се повеќе се зголемија. Ова се избори кога ќе треба да избереме помеѓу срамот, понижувањето и наведнатата кичма кои што ги донесе СДСМ и избори кои ќе донесат чест, гордост и исправена глава. Ова се избори помеѓу криминалот и корупцијата спакувани во Луј Витон чанта и борба за правда, почитување на законите. Јас сум убеден дека повие избори ќе завршат со една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија – потенцираше Мицкоски.

Тој од Македонска Каменица порача дека веднаш по победата по 15 јули треба да се засукаат ракавите и сето она кое што ни се случуваше во минатото, а кое претставуваше проблем за нашите сограѓани треба да се реши. Според Мицкоски треба многу труд, многу работа, мака, посветеност и затоа кога јас денеска зборувам за политичари кои одлучиле да се придружат на ВМРО-ДПМНЕ зборувам за луѓе кои се одлучни да бидат херои, да испишат нова историја.
Нивната матрица е составен од 4 чекори. Првиот чекор секогаш е предизборна лага, ќе дојдат овде пред вас, ќе ве гледаат во очи со раката на срцето, ќе ви зборуваат за жицата, за семето и ќе ви кажат по некоја лага мислејќи дека на тој начин ќе ја добијат вашата доверба и ќе заминат. Потоа вториот чекор е националниот срам, понижување и предавство, потоа следи третиот чекор пљачка и криминал и на крај е заробено обвинителство и судство за пресметка со политичките неистомисленици, потсети тој.

Мицкоски рече дека поминало времето на политичари елитисти кој забораваат да креваат телефон кога ќе ги побара некој, се фино залегнати во кожно фотелји и газат црвени персиски килими во владата и се возат во климатизирани лимузини платени со народни пари.

– Сега доаѓа време на политичари кои овде заедно со народот ќе разговараат што му треба на народот. Доаѓа време на луѓе кои чесно и честито ќе работат за интересите на сопствениот народ. Ние напишавме програма која ја нарековме „Обнова“ од 360 страни каде ќе најдете како до повисока просечна плата во еден мандат од најмалку 25%, како до 20% повисока пензија и враќање на старото законско решение, како до стапка на невработеност пониска од 10%. 4 милијарди евра странски и домашни инвестиции, ослободување на студентите од партиципација во учебната 2020/2021 година, за угостителите намалување на данокот за додадена вредност, историски најнизок рамен данок од 8%, 640 милиони евра субвенции за земјоделците – додаде Мицкоски.