Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски се сретнаа со Каролине Едштадлер, министер за Европа и Устав на Австрија.

На средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, како што информираат од партијата, ги афирмираше добрите билатерални односи на Австрија со Македонија и се заблагодари за принципиелната поддршка за евроинтеграцискиот пат на нашата земја.

Мицкоски нагласи дека отворањето на пристапните преговори, без дополнителни услови надвор од основачките принципи на ЕУ, треба да се случи час поскоро. Истовремено, во Македонија се потребни суштински реформи во правосудниот систем и борбата против корупцијата, а за жал во последните години гледаме постојано назадување токму во тие области.

Мицкоски и Едштадлер разговараа за потребата од систематски реформи насочена кон правна сигурност, деполитизација на правосудството и јавниот сектор како и зголемена економска и трговска соработка помеѓу Македонија и Австрија.