Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски остварил средба со претставникот на ЕУ во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, информираат од опозициската партија.

На состанокот се зборувало за моменталната политичка состојба во Македонија, како и за ветото на Бугарија.

Мицкоски посочил дека е не европски Македонија да се условува за нејзиниот јазик, идентитет и историја, кои, како што рекол, се дел од личната карта на еден народ.

Соговорниците се согласиле дека реформите во земјава мора да се спроведат и дека придвижувањето кон ЕУ е од корист на државата.

Мицкоски притоа посочил дека на премиерот Заев му е поважен партискиот рејтинг и бизнисот на фирмите нему блиски.

– Tреба да се обрне внимание на борбата со криминалот и корупцијата, кои за жал се на катастрофално ниво поради отсуство на волја од страна на власта. Имено кај власта имаме само декларативна желба за справување со корупцијата, но во принцип истата се става во заштита на криминалот – истакнал тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ воедно му се заблагодарил на Гир за поддршката која земјава ја добива од Унијата, како и силните заложби за демократизација.