Фото: Архива

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва по објавувањето на новото парламентарното мнозинство, изјави дека доколку премиерот Зоран Заев не ја поднесе најавената оставка тие ќе поднесат иницијатива за недоверба на Владата.
– Мнозинство кое што ќе гарантира дека оваа влада предводена од СДСМ ќе е минато. Ја очекуваме оставката на Заев која ја најави доколку тоа не се случи ќе поднесеме недоверба на Владата. Очекуваме да ја поднесе оставката – рече Мицкоски.
Додаде дека сите опции се во игра, без да соопшти одредени детали.