фотографии: Игор Бансколиев

Делчев е нашата тврдина, Делчев е нашиот бастион и од него нема да отстапиме, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашниот трет протест на партијата овојпат за ЕУ и за Гоце Делчев. Протестниот марш почна од пред зградата на министерството за правда, па преку мостот Гоце Делчев заврши пред министерството за надворешни работи каде се обратија Мицкоски, Александар Пандов и Стефани Најденовска како претставничка на младите на ВМРО-ДПМНЕ.

–Гоце го има во химната. За кого би протестирале ако не за Делчев. Делчев е црвената линија, Делчев е Македонија и столбот на постоењето на нашиот народ. Ја оспорувам тезата на СДСМ дека патриотизмот значи демоде политика и заостанатост во минатото, дека откажувањето од Делчев е една од стоте работи кои мора да ги проголтаме за подобра иднина. Не е така. Македонизмот е исто што и европеизмот. Тука сме за почитување на различноста за солидарноста, но и за ЕУ и за Гоце Делчев. Нашите историчари мора да знаат дека ја имаат нашата поддршка, поддршката од народот кога веќе ја немаат од власта. Народот е најважен оти народот е државата. Не смееме да и дозволиме на валста да станеме територија а не држава. Нашата иднина е во ЕУ и јасно и глсно кажувам СДСМ, ова СДСМ предводено од Зоран Заев не е за ЕУ оти тој е спротивно на сѐ што претставува европска вредност. Затоа што во ЕУ нема да се случи банка да пропадне а истата ги злоупотребила парите финансирајќи луѓе од власта, не се за ЕУ оти ја поскапеа струјата, го задолжија нароидот за еден квартал со една милијарда евра.

Тие се против ЕУ оти склопуваат бизнис зделки со антиеубизнисмени. Затоа што за сообраќајка со смртни последици не се лежи во затвор. Тие се против ЕУ затоа што се мафија која четири години не држи надвор од ЕУ. Заев не е иднината тој е заканата на овој народ. Делчев е нашата тврдина од која нема да се откажеме. Изборот е или СДСМ или вистината. Делчев е нашиот последен бастион, Делчев е нашиот Мечкин Камен и нема да отстапиме – порача Мицкоски од протестот.