Време е да започне дијалогот со синдикалните организации, да се ослободат од стегите на оваа криминална власт, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска имаше средба со претставници од Конфедерацијата на слободни синдикати.

– Ценам дека имавме конструктивен разговор, дијалог. Отприлика дел од нивните забелешки уште во изработката на програмата се опфатени во самата содржина на програмата за дел се разбира откако ќе биде формирана владата ќе разговараме. Бидејќи тоа е динамичен процес, процес кој што трпи промени, сепак станува збор за четиригодишен период, станува збор за многу предизвици кои што ќе се испречат на тој пат. И јас ценам дека можеме навистина да ги ослободиме синдикалните организации од политичките стеги и притисоци, да ги оставиме да функционираат луѓето и да се борат за правата на работниците – рече Мицкоски.