фото: Фејсбук

Штом земјава не доби датум за почеток на преговорите со Европската Унија, тогаш Алтернатива која одлучи да влезе во коалиција со СДСМ и со ДУИ треба да излезе од владата, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за МТВ.

– Ценам дека треба да излезат и да ги надминат своите суети и да повикаат на предвремени парламентарни избори, бидејќи оваа влада ваква каква што е нема иднина. Навистина повеќе не ја гледам потребата партијата на Африм Гаши да биде дел од владиното мнозинство, бидејќи партијата сè уште не е ни официјално дел од владата, само усно е дел. Клучната работа којашто нив ги обединува во таа нова влада е почетокот на преговорите, ако тоа не се случи, тогаш не ја гледам причината да останат во владата. И ако навистина Алтернатива, која значи алтернатива на ДУИ, тогаш ценам дека тие треба да излезат да ги надминат своите суети и фрустрации и да кажат повикуваме на обединување на опозиција, очигледно дека оваа влада ваква каква што е нема иднина – рече Мицкоски.