Фото: Игор Бансклолиев

Прашањето на МПЦ-ОА може да се реши ако СПЦ покаже добра волја, а нашиот случај не треба да се споредува со украинскиот, вели митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар, кој е задолжен за меѓународните односи во Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА во изјава што ја пренесоа медиумите.

– Таму се работи за големо мнозинство на Руската православна црква. Кај нас таков случај ниту е, ниту може да биде, зашто она што кај нас се обиде да се направи со тој проект, ПОА, тоа е промашена работа. Тоа не може никако да биде споредба меѓу Украинската и Македонската православна црква. Кај нас е чиста работата, јасно е се – вели г. Петар.

Тој додава дека македонското црковно прашање моментно не е ажурирано поради коронавирусот, но штом се отвори можност очекува покана за средба од Вселенската патријаршија.