Без проблеми се одвива гласањето во општините Долнени и Кривогаштани, Прилепско.

Во општина Долнени, велат од ОИК, досега гласале околу 10 проценти од запишаните избирачи. Во Долнени право на глас имаат 11.826 гласачи кои гласаат на 40 избирачки места. Вчера гласале речиси сите 50 од пријавените болни.

Во општина Кривогаштани, велат од ОИК, досега гласале околу 20 проценти од гласачите. Право на глас во 13 избирачки места имаат 4637 гласачи. И таму вчера гласале речиси сите пријавени болни и заболени од ковид-19.

И во овие две општини има мали проблеми со фингерпринтерите. Ка.М.