Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска оствари работна средба со раководството на СВР Охрид.

На средбата од страна на колегите во СВР Охрид беше запознаен со тековните проблеми со кои се соочуваат во своето работење, во насока на борбата против криминалот на ова подрачје, како и одржувањето на јавниот ред и мир, при што заеднички беше констатирано дека безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е стабилна.

Најголем предизвик со кој се соочуваат полициските службеници се тешките кражби, разбојништвата и сообраќајните несреќи.

Во фокусот на средбата беа парламентарните избори, нивната организација и мерките и активностите кои се преземаат, а се насочени кон гарантирање на нивната безбедност.

Од страна на министерот Чулев беше побарано доследна примена на принципот на законитост во насока на обезбедување фер и демократски избори.