Фото: Архива

За одржувањето избори по вонредна состојба најдобро е да се почитуваат препораките на Венециската комисија, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Според него, датумот, сепак треба го одлучат ДИК, здравствените експерти, како и политичките партии на средбата кај претседателот Стево Пендаровски.

– Сметам дека доколку одговараме како политички партии ќе имаме различни мислења и толкувања, но затоа според мене, за одржувањето избори по вонредна состојба најдобро е да се почитуваат препораките на Венециската комисија. Венециската комисија, како стручно тело на Советот на Европа и тело кое се занимава и со проблематиката на избори да бидат фер и демократски, смета дека најмалку 60 дена се потребни по завршувањето на вонредната состојба. Тоа е така, за да можат да се организираат добри, фер и нормални избори – рече Милошоски.

Но, додаде тој, прашањето за изборите според мене треба да биде во овој момент одлучено и од Државната изборна комисија и од здравствените експерти и од политичките партии при средбата кај претседателот Стево Пендаровски, за што се надеваме дека СДСМ ќе биде присутен.