Aнтонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и еден од учесниците на вчерашните разговори, на Фејсбук напиша дека договор за нов закон за обвинителство можеби и ќе се постигнел доколку премиерот Заев не бил толку нервозен во врска со предметот „Рекет“.

-Договор за нов Закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Заев не беше токолу нервозен во врска со предметот „Рекет“, што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мега-скандал, освен владино-подобната обвинителка Вилма Рускоска. Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во „Рекет“ е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева – напиша Милошоски.