Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ аплаудираа на говорот на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи од собраниската говорница, на седницата на која се расправа за нејзино разрешување.

Таа кажа дека е граѓанин на Македонија кој никогаш не го прекршил Уставот.

Премиерот Оливер Спасовски побара нејзино разрешување бидејќи го крши Уставот со тоа што не го почитува Уставот, односно не го користи новото уставно име на државата.

Таа во министерствто одбива да користи пано со уставното име на државата. Мизрахи за ова ја обвини нејзината претходничка, министерката Мила Царовска.

– Не ја прашувајте Мизрахи прашајте ја Мила каде е новата табла – рече Мизрахи.

Таа својот говор го заврши со зборовите: Јас сум Рашела Мизрахи горда Еврејка од Македонија.

Претходно, Спасовски рече дека Мизрахи свесно го крши Уставот и ги стави во ризик односите со соседите.