Германската канцеларка Ангела Меркел ќе се заложи за одредување датум за почеток на преговори со Македонија во октомври, како што истакна на денешната прес-конференција по самитот на ЕУ во Брисел, објави „Дојче веле“.

– Ќе сторам сѐ што е во моја моќ за да има позитивна одлука во октомври – изјави Меркел, во врска со одлуката за датум за почеток на преговори на Македонија со ЕУ.

Меркел пред една недела имаше средба со македонскиот премиер Зоран Заев во Берлин, по која од кабинетот на германската канцеларка беше поздравен напредокот на земјата и беше оценето дека е подобрена нејзината позиција за приближување кон ЕУ.