Германската канцеларка Ангела Меркел е задоволна поради надминувањето на деценискиот спор за името меѓу Македонија и Грција и смета дека сега е отворен патот за интеграција на земјава во НАТО и Европската унија.

-Ова е само мала, но многу важна вест, која има многу врска со војна и мир, како и со стабилност, изјави Меркел на собир на ЦДУ во Тринвилерсхаген.

Како што пренесе радиото Дојче веле на македонски јазик,  Меркел активно го следи проблемот уште од самитот на НАТО во Букурешт и прави обиди за наоѓање начин Македонија да стане членка на Алијансата и да се приклучи на Унијата.

-Сега, со преспанскиот договор, патот за земјата е отворен, оцени канцеларката.