Германската канцеларка, Ангела Меркел вели дека разговарала со бугарскиот премиер, Бојко Борисов за блокадата за Македонија. Одговарајќи на пратеничко прашање во Бундестагот, Меркел изрази очекување за надминување на бугарската блокада во блиска иднина, пренесе Дојче веле.

Германската канцеларка вчера во Бундестагот беше критикувана од пратеникот од нејзината партија ЦДУ, Гинтер Крихбаум во врска со неуспехот на германското претседателство со ЕУ да ги започне пристапните преговори со Македонија до крајот на годинава, како што беше ветено.

Крихбаум оцени дека јавноста уште еднаш била сведок на злоупотребата на правата на земјите-членки во рамките на ЕУ.

Тој ја праша Меркел како ги оценува шансите во блиска иднина да се надмине блокадата на Бугарија, на што таа кусо одговори: „уште еднаш разговарав со бугарскиот премиер Бојко Борисов и се надевам дека овие прашања ќе се надминат во блиска иднина“.