Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ќе го поттикне почетокот на преговорите за пристапување на Македонија и Албанија во ЕУ на самитот во Минхен во март.

– Пред сè, сакаме да постигнеме договор на следниот состанок на Европскиот совет во март, за започнување на пристапните преговори со Албанија, како и со Северна Македонија – рече Меркел на средбата со албанскиот премиер Еди Рама, пренесе „Ројтерс“.

Таа додаде дека и двете држави постигнале многу.

– Сега ќе работиме уште повеќе за да ги постигнеме посакуваните резултати во март – рече таа.