Договорот од Преспа нуди историска шанса за Македонија и за зајакнување на добрососедските односи, нагласува германската канцеларка Ангела Меркел во писмото до македонскиот премиер Зоран Заев.

– На 30 септември огромно мнозинство од над 90 отсто од оние кои учествуваа на референдумот гласаа „за“ договорот со Грција. Договорот нуди шанса за историски договор и зајакнување на односите меѓу двете земји. Тој исто така ја отстранува клучната пречка за приближување на земјата кон ЕУ и НАТО. Сега е клучно да се преземат многу важни чекори за имплементација на договорот за името со усвојување на неопходните уставни амандмани. Ќе продолжам да соработувам со вас за остварување на оваа цел – наведува Меркел во писмото до Заев, објавено на веб страницата на германската Влада.