Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се смени во методологијата на преговорите во процесот на проширување на Европската Унија.

На прашањето што ќе се случува понатаму со процесот за приклучување на Македонија и Албанија во ЕУ, како и тоа кога Хрватска би можела да влезе во шенген-зоната, Меркел рекла дека не може да се случи да нема европска перспектива за сите земји.

-Тоа не би било добро – рекла Меркел.

На заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, таа изразила жалење затоа што на минатиот состанок на Советот на ЕУ не беа отворени преговори со Македонија и Албанија.