Дел од јавноста ја гледа како начин за дополнително оптоварување на граѓаните, а опозицијата најавува блокади во Собранието. Дали ова законско решение ќе оди со европско знаменце за да се избегне блокада, сѐ уште е отворено прашање. Измените на Законот за животна средина да одат во Собранието како европски е значајно, зашто со тоа се скратуваат роковите за дебата и може да се спречи најавената блокада на мерката

Еколошката такса на горивата како повод

Еколошката такса на горивата како дел од процесот на евроинтеграција и подобрување на животната средина или, пак, инструмент за собирање пари во буџетот. Ова е главната дилема што ја бранува јавноста, откако беше најавена оваа нова еколошка такса, која ќе ја зголеми цената на горивата.
Дел од јавноста ја гледа како начин за дополнително оптоварување на граѓаните, а опозицијата најавува блокади во Собранието. Дали ова законско решение ќе оди со европско знаменце за да се избегне блокада, сѐ уште е отворено прашање.
Измените на Законот за животна средина да одат во Собранието како европски е значајно, зашто со тоа се скратуваат роковите за дебата и може да се спречи најавената блокада на мерката.
Опозицијата застанува контра најавите поскапувањето на бензините за еколошки цели да се внесе со европско знаменце. Од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму сметаат дека не се работи за еколошка такса туку за дополнителна давачка што ќе ги осиромаши граѓаните.
Од Левица, пак, најавуваат над 700 амандмани на Законот, но предлагаат и ВМРО-ДПМНЕ да ги искористи деловничките можности за да ја одолжи процедурата.
Од албанската опозиција, пак, која исто така е против мерката, неофицијално велат дека, освен нивни амандмани, ќе бараат превод и на сите амандмани за да го одложат донесувањето на мерката.
Измените на Законот за животна средина што се веќе во Собранието се во скратена постапка без европско знаменце. Кога парламентот ќе расправа за овие измени, сѐ уште не е извесно.

Универзитетскиот професор Лазар Јовевски вели дека зелената такса како таква е еден од инструментите што Европската Унија ги предвидува за финансирање на спроведувањето на зелената агенда.
– Овој инструмент ЕУ го предлага и во рамките на зелената агенда за Западен Балкан, која беше предложена како придружен документ на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, за да влеземе во планот на ЕУ за намалување на нивоата на јаглерод диоксид, па од овој аспект и не е спорна -посочува тој.
Но, според него, она што е спорно е што Владата ја избра токму оваа мерка, иако не е единствена, туку е практично дел од повек?е предложени мерки во делот механизми за имплементација на зелениот договор за Западен Балкан, меѓу кои користење на природниот капитал, зелено буџетирање, користење пазарни инструменти и еколошка такса и други давачки (но и субвенции) за управување со пазарите.
– Како земја кандидатка за членство во ЕУ, на располагање ни се и европски пари преку европските фондови, кои можеме да ги искористиме за реализација на проекти што би биле во линија на спроведување на зелената агенда. Процесот на реализација на зелената агенда е пат кон воспоставување, всушност, одржлив систем на инвестиции според принципот „загадувачот плаќа“, но дали се граѓаните големите загадувачи што треба да плаќаат – прашува Јовевски.

Тој вели дека никогаш не го изостава и аспектот на последиците од пандемијата на ковид-19 од социоекономски аспект, со оглед на тоа што десетици илјади граѓани останале без работните места, фирмите одвај застануваат на нозе, така што зелена такса во овој момент само дополнително ќ́е ги осиромаши граѓаните и ќ́е предизвика и ценовни шокови, кои ќе имаат домино-ефект на и онака кревката економија во моментов.
– Фактот што наесен треба да се одржат локалните избори фрла дополнителен сомнеж на искрената намера на Владата дека баш сега сака да собере финансии за да имплементира зелени политики и, според мене, ако веќе се соберат пари во буџетот, тие ќ́е ги потрошат на избори. Според тоа, ниту е соодветно време ниту е соодветна мерка зелената такса сега – заклучува професорот.

[email protected]