Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите објавени деновиве во дел од медиумите за наводни кадровски промени и назначувања во Единицата за специјални задачи „Тигар“.

Според МВР, поставувањето службеник на командна позиција во оваа единица е целосна тенденциозна невистина.

– Партиската, верската или која било друга припадност, не е, ниту ќе биде критериум за професионално напредување во организациските структури на МВР, наведува од ресорното Министерство.