фото: Архива

Министерството за внатрешни работи до 12 часот нема регистрирано нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

– Гласањето се одвива мирно, без проблеми. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните и во преостанатиот дел од денот на мирен и достоинствен начин да го искористат своето гласачко право. Секој обид за нарушување на изборниот процес ќе биде бескомпромисно санкциониран. Но, уште еднаш ќе потенцирам дека досега нема ниту едно нарушување на јавниот ред и мир – рече Ангеловски.