Мајтапење

Јавно да тврдиш нешто во кое ни самиот не веруваш, како што прави Бујар Османи, не е ништо друго, освен морално и човечко самодеградирање/понижување. Ако на оваа персона од човек такво нешто навистина ѝ годи, може слободно да се самопонижува колку ѝ душа сака. Меѓутоа, да не го прави тоа на сметка на Македонците,
бидејќи (во конкретниот случај) неговото самопонижување истовремено е понижување и на Македонците.

По интервјуто на Бујар Османи, дадено за Сител, спонтано се поставува прашањето дали понижувањето на Македонците има дно или и тоа, како и сѐ друго, се наоѓа во бездна. Прашан што прави Македонија за правата на Македонците во Бугарија, Османи, без око да му трепне, рече дека Уставот на Бугарија не предвидувал постоење на етнички малцинства. Ако е така, тогаш Османи, заедно со постојната власт, нека побара Бугарија да го смени својот Устав, онака како што Македонија повеќекратно го менуваше својот Устав, со евтиното „објаснување“ дека ништо во светот не било толку свето (вклучувајќи го и Уставот) за да не може да се менува. Ако е така, тогаш тоа правило ултимативно да ѝ го каже и на Бугарија.
Меѓутоа, и за молчењето пред Бугарија Османи има „објаснување“ – „нашите политичари“ не сакале да се мешаат во внатрешните работи на други земји. Да претпоставиме дека тоа е во ред. Меѓутоа, во тој случај, зошто Македонија дозволува да ѝ го прават тоа што самата не сака да им го прави на другите – повеќекратно менување на нејзиниот Устав под директни закани/притисоци однадвор? По Грција, сега на ред дојде и Бугарија – во Уставот да сме го внеле придонесот (!?) на бугарското малцинство во изградбата на Македонија.
Јавно да тврдиш нешто во кое ни самиот не веруваш, како што прави Бујар Османи, не е ништо друго, освен морално и човечко самодеградирање/понижување. Ако на оваа персона од човек такво нешто навистина ѝ годи, може слободно да се самопонижува колку ѝ душа сака. Меѓутоа, да не го прави тоа на сметка на Македонците, бидејќи (во конкретниот случај) неговото самопонижување истовремено е понижување и на Македонците.
Патем, во својот приватен живот може да прави што ќе му текне, но само под услов тоа да не се однесува и на другите. Тоа мора да го има предвид, ако не сака да оди по патот на нечовечноста и самодеструкцијата на сопствената личност.