Во НАТО командата во Норфолк, САД, денеска со почеток во 14.45 часот, ќе се одржи церемонија на кревање на македонското државно знаме, по повод членството во НАТО.

Во исто време знамето ќе биде кренато и во седиштето на НАТО во Брисел и во главната команда во Монс.

На настанот нема да присуствуваат македонски државници поради состојбата со коронавирусот, а настанот ќе се пренесува во живо на Јутуб, како и на овој линк.

Македонија од петокот официјално е членка на Алијансата откако САД го примија инструментот за пристапување на Македонија во Северноатлантскиот договор.