Албанскиот премиер Еди Рама го окарактеризира регионот Лешница на Шар Планина како „убава Албанија“ во описот на фотогорафијата од кањонот што ја објави на социјалните мрежи, предизвикувајќи бурни реакции меѓу македонските граѓани.

„Убава Албанија. Кањонот на Лешница“ се наведува во описот на фотографијата на која се прикажани водопадите на Кривошијска Река во Лешничкиот регион.  Фотографијата е од македонскиот кањон иако во Албанија постои место со истото име. Згора, овој дел од Македонија е во пограничниот регион со Косово.

#BeautifulAlbania??❤️#KanioniLeshnicës ?

Posted by Edi Rama on Понеделник, 28 септември 2020

Набргу се огласи и авторот на фотографијата, Африм Тахирај од Албанија. Тој истакна дека проблемот настанал бидејќи неговата фотографија била споделувана на социјалните мрежи без опис, откако тој ја објавил на Инстаграм.

Лешница е долина на Шар Планина, која се наоѓа во средишниот дел, помеѓу врвовите Среден Камен и Плат, на околу 17 километри северозападно од Попова Шапка.