Привремениот шеф на македонската амбасада во Софија, Владимир Крстевски, бил повикан на разговор во бугарското Министерство за надворешни работи од страна на бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

– Бугарските дипломати изразија длабока збунетост и разочарување од големата негативна кампања во Македонија против претставникот на Скопје на Евровизија, Васил Гарванлиев – соопшти бугарското МНР, додавајќи дека Бугарија ќе продолжи да ги вложува сите неопходни напори во согласност со принципите на меѓународното право за да ги заштити правата на бугарските граѓани и граѓаните кои прогласуваат бугарски идентитет.

На состанокот присуствувала и в.д. директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа Ива Крулева.