Македонија покажува многу подемократски и цивилизациски вредности, кога станува збор за практикувањето на правата на малцинските етнички заедници и за мултиетничката толеранција, од некои од земјите во Европа што постојано зборуваат за европски вредности, а во практика функционираат поинаку. Во Швајцарија, на пример, за време на работното време е забрането да се зборува на албански јазик или на кој било друг јазик, освен на официјалните јазици на државата

Соочена со негирање на македонскиот идентитет и условувана од соседна Бугарија за почеток на евроинтегративниот процес, Македонија покажува многу подемократски и цивилизациски вредности, кога станува збор за практикувањето на правата на малцинските етнички заедници и за мултиетничката толеранција, од некои од земјите во Европа што постојано зборуваат за европски вредности, а во практика функционираат поинаку.
Дали тоа се двојни стандарди во кои едни правила треба да важат за земјите од Западен Балкан, а други за државите од европското семејство?
За еден таков последен пример пишуваат албански медиуми, кои посочуваат дека во Швајцарија, на пример, за време на работното време е забрането да се зборува на албански јазик или на кој било друг јазик, освен на официјалните јазици на државата.
За таа цел во многу швајцарски институции се поставени и табли со предупредување на кои јазици може, а на кои не може да се зборува.
Тоа, според аналитичарите, е дискриминирачки однос, пред сѐ, кон луѓето што доаѓаат од Балканот.
Од друга страна, Македонија покажува многу повисоки цивилизациски и демократски дострели со тоа што овозможува образование и употреба и на други јазици на малцинските заедници.

Дали Европа ги почитува вредностите што ги промовира? Колку ЕУ има двојни стандарди околу почитувањето на слободите и правата на граѓаните?
Поранешниот дипломат Ристо Никовски вели дека малцинските права во Македонија се на многу повисоко ниво отколку што е тоа во која било друга земја во светот, вклучувајќи ја и Европската Унија, каде што, според него, владеат двојни стандарди и се толерираат практики како во Бугари и во Грција, каде што Македонците немаат никакви малцински права.
Никовски смета дека споредувањето на Македонија и Швајцарија за користењето на јазиците е неприфатливо, бидејќи се работи за една унитарна држава и за една федерација. Посочува дека правилата што важат и за едната и другата немаат допирни точки.
– Работите се нарушени во Македонија со Законот за албанскиот јазик, со кој практично државата јазично се федерализира. Тоа беше надвор и спротивно на Охридскиот рамковен договор, а го наметнаа албанските политичари со уцени за коалицирањето и власта, а македонските без јасни државни и национални интереси го прифатија тоа – посочува тој.

[email protected]