Приврзаниците на „Македонија блокира“ кои се противат на уставните измени најавија дека покрај 24-часовното блокирање на просторот пред Собранието, од петок ги прошируваат активностите со блокади и на раскрсници во Скопје во попладневните часови.

Драган Угриновски на денешната прес-конференција информира дека се свесни оти поради тоа сообраќајот од петок ќе биде значително отежнат и затоа повикуваат на разбирање од страна на граѓаните.

– Ова не го правиме за личен интерес, партиски или за интерес на некое друго здружение, туку за одбрана на светото македонско име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ – рече Угриновски.