Фото: Маја Јаневска-Илиева

Откако на крајот од минатата недела евроамбасадорот во Македонија, Дејвид Гир, во рамките на расправата за тоа дали во новите лични карти треба да биде наведена националната припадност на граѓаните, укажа дека „регулативата на ЕУ за генерална заштита на податоците забранува процесирање на лични податоци што откриваат расно или етничко потекло, политичко, религиозно или друго убедување, сексуална ориентација и низа други прашања“, се надоврза и Хелсиншкиот комитет, кој изрази мислење дека внесувањето графа за етничка припадност во документот за идентификација го поткопува граѓанскиот идентитет.
Ставајќи го прашањето за измена на Законот за лични карти, во контекст на европското законодавство, евроамбасадорот подоцна истакна дека за земја-кандидат за членство во ЕУ, како Македонија, императив е усогласувањето на домашното законодавство со европската регулатива.

Власта најави следење на сите европски одлуки и регулативи во врска со личните карти. Премиерот Зоран Заев, на истиот настан, нагласи дека апсолутно е дадено правото на национално ниво како ќе се регулира прашањето за личните карти, но сепак укажа дека како за земја-кандидат за членство во ЕУ, императив секогаш е усогласување на домашното законодавство со европската регулатива.
Опозицијата останува на ставот граѓаните да можат да се изјаснат доколку сакаат во личната карта да стои и нивната етничка припадност,
Според Заев, бидејќи земјава сака да биде членка на ЕУ на крајот ќе ги следи сите европски одлуки и регулативи.
– Дебатата ќе биде отворена, секако во консултации и координации со европската делегација во Скопје и со Европската комисија во Брисел ќе ги носиме ваквите одлуки во зависност од тоа во кој правец ќе бидат донесени одлуките на ниво на ЕУ – додаде Заев.