Утре со почеток во 13 часот во кабинетот на претседателот ќе се одржи лидерската средба на која ќе стане збор за датумот на кој ќе бидат закажани парламентарните избори.

На средбата ќе присуствуваат претседателите нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата кои на последните избори освоија пратенички мандати со самостојни листи.

Согласно тоа, како што информираат од кабинетот на Пендаровски, поканети се претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, претседателот на Движење Беса, Билал Касами и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

На средбата се поканети и претседателот на Собранието, Талат Џафери, и претседателот на Владата, Оливер Спасовски, информираат од кабинетот на Пендаровски.