Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, денес до собранискиот спикер поднесоа Предлог-закон за изменување на Законот за пратениците во делот на патните трошоци.

– Со овој закон, „Левица“ предлага четирикратно намалување на досегашните патни трошоци (од 20% на 5% од продажната цена на литар гориво за изминат километар). Ова практично значи дека патните трошоци ќе бидат сведени на реалната цена на чинење на патен билет во меѓуградски превоз – велат од партијата.

Оттаму појаснуваат дека овој Предлог-закон е плод на широка компаративно-правна анализа на регулативите на земјите од ЕУ и Западен Балкан, којашто во изминатите неколку месеци ја спров нивниот правен тим, а од која, како што велат, само им се потврдил ноторниот факт дека Република Македонија за еден мандатен период на Собранието е рекордер во Југоисточна Европа по потрошените јавни пари за патни трошоци на парламентарците.