Студија за Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан на Европската Унија го нотира профилот на социјалните мрежи на Христијан Мицкоски како извор на дезинформации и лажни вести, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Во оваа студија, додаде таа, Мицкоски не е сам, друштво му прават и и неговиот ментор од Будимпешта, односно профилот на Никола Груевски како и неколку медиуми блиски до опозицијата.

– Со ова се потврдува она што јавноста одамна го знаеше. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се главните извори на лажни вести во државата. Само во последната недела Мицкоки и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лажни вести, опасни тези со кои поттикнуваа омраза и поделби во јавноста. Мицкоски јавно велеше дека имал информации дека во Софија се распарчувала државата и оттогаш бега, не одговора на прашањата кој му ја дал инфомацијата и за која цел. Потоа велеа дека дека наводно повеќе земји членки на ЕУ се против интеграцијата на Северна Македонија, замислете. беа демантирани од амбасадите на земјите кои ги спомнаа – рече Кузеска.

Таа кажа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ излажале дека немало доволно тестови за коронавирус, дека немало доволно заштитна опрема за здравствените работници, дека над 100.000 граѓани останале без работа поради коронакирзата.

– Сето тоа е лага до лага, фабрикувана во беиот дворец и пласирани преку медиумите под контроила на ВМРО-ДПМНЕ. Студијата на ЕУ е само уште едно демаскирање на лагите кои се произведуваат во белиот дворец, лаги на на штета на националните и на државните интереси, на штета на граѓаните. Токму тие медиуми, чии сопственици биле блиски до ВМРО-ДПМНЕ и кои претходно биле примарни извори на провладина пропаганда а сега купени од страна на унгарски државјани се споменати и во Студијата на ЕУ, каде се вели дека откако ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, овие медиуми се вмешани во бројни дезинформациски кампањи, не само за дискредитација на Владата, туку и за поткопување на Преспанскиот договор со Грција и другите евро-атлантски напори на земјата – рече портпаролката на СДСМ.