Предлог-одлуката за одобрување на продолжувањето на кризната состојба на дел од територијата и интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се точки на дневниот ред на 39-та седница на Собранието која е закажана за денеска.

На седницата ќе се расправа и за повеќе предлог-одлуки, како и предлог-закони за измени или дополнувања на постојни законски решенија. Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка и предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, двата во прво читање. Ќе се расправа и за законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. А на седницата се и предлог-одлуката за испраќање припадници на АРМ а за учество во меѓународната операција на Организацијата на Обединетите нации „УНИФИЛ” во Република Либан, предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу страните на Северноатлантскиот договор за безбедност на информации…